Monday, May 25, 2020
Пет книги кои што можете да ги прочитате за време на летниот распуст.
Во компјутерските науки препознавањето на говор (ПГ) е превод на изговорените зборови во текстот. Тоа е исто така познат како "автоматско препознавање на говор", "АПГ", "Компјутер за препознавање на говор", "говор на текстот", или само "STT". Некои ПГ (Препознавање на говор) системи користат "обука", каде што поединецот звучник чита делови од текстот во ПГ системот. Овие системи го анализираат конкретниот глас на лицето и го користат за фино нагодување на признавање на говорот на тоа лице, што резултира во попрецизна транскрипција. Системи кои не го користат за обука се нарекуваат "звучни независни" системи. Системи кои користат обука се нарекува "звучни зависни" системи.
Топ пет дестинации за посетување ова лето.
- Ова езеро е вистински бисер во националниот парк и општината. Иако е вештачко, сепак плени со својата убавина посебно кога се гледа од скијачките терени на планината Бистра. Покрај риболовот на езерото се нудат можности за кампување, прошетки и сл. Околу самото езеро има асфалтен пат кој може да се искористи за обиколка на целиот Мавровски дел од националниот парк, да се погледнат убавите скијачки терени, хотелите, вилите и да се посетат многуте туристички објекти. Една од најимпресивните глетки кои ги нуди езерото е потопената стара црква во Маврово од која во одреден период од годината кога водата на езерото го постигнува највисокото ниво, може да се види само дел од покривот и половина од камбанеријата. Оваа црква била потопена при изградбата на езерото. Најпознати локации за одмор околу езерото се месноста Бојков Кладенец, Црн Камен како и стариот камп сместен на 2-3 километри од браната во Маврови Анови.
2. Вевчани
- И да немате вевчански пасош, домаќините топло ќе ве пречекаат и нагостат. Сместено во источните падини во подножјето на Јабланица, овој мал, но духовно пребогат простор ќе ве воодушеви со природата, преданијата од минатото, малите духовни светилишта - параклиси. Не заобиколувајте ја вкусната храна и доколку сте во можност бидете дел од Вевчанскиот карневал за поавтентично чувство на пределот.
3. Матка
- Кањонот на Треска кој според карактеристиките претставува клисура - пробојница кој крие многубројни пештери, меѓу кои и Врело, најдлабоката подводна пештера на Балканот и втора по длабочина во Европа. Поради големиот број манастири и цркви, Матка го носи и името Света Гора.
4. Берово
- Град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 км. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место.
5.Смоларски водопад
- Водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600m во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри. Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларскиот Водопад.