Sunday, May 24, 2020

Топ пет филмови кои што сите треба да ги изгледаат :)

Во продолжение следуваат пет предлози на филмови кои што ако ги немаш гледано, веднаш треба да ги изгледаш! 




1. The Lizzie McGuire
- Лизи оди на екскурзија со нејзините соученици во Рим, Италија. Тоа што требаше да биде само обично патување, се претвора во исполнет тинејџерски сон.

2. 101 Dalmatians
- Во овој филм се работи за една злобна, модна креаторка која има за цел да украде мали кучиња од расата ,,далматинци'' за да изработи од нив елегантна бунда.
3. Home Alone       
- Кевин е осум годишно дете кое мора да ја заштити својата куќа од крадци, кога тој е заборавен дома од страна на неговата фамилија, за време на новогодишните празници.             

4. The Karate Kid
- 12 годишниот Дре Паркер можел да биде најпопуларното дете во Детроит, но последниот потег од кариерата на мајка му го носи во Кина. Дре веднаш се вљубува во својата соученичка, Меи Јинг - а чувствата се обострани - но, културните разлики го прават таквото пријателство невозможно. Уште полошо, чувствата на Дре прават еден соученик, Ченг, да му стане непријател и силеџија. Дре знае само малку карате во земјата на кунг-фу, а Ченг со леснотија го легнува „карате кид“ на земја. Без пријатели, во туѓа земја, Дре нема каде да се обрати, освен кај хаусмајсторот, г. Хан, кој потајно е кунг-фу учител. Додека Хан го учи Дре дека во кунг-фу не се работи за удари и борби, туку за зрелост и смиреност, Дре сфаќа дека соочувањето со силеџиите ќе биде најголемата борба во неговиот живот.

5. 16 Wishes
- Аби има замислено листа со  16 желби  за нејзиниот 16-ти роденден. Таа добива 16 магични свеќи, по една за секој час. На почетокот се е добро, но набрзо тоа ќе се промени.


No comments:

Post a Comment