1. Ѕвер - Алекс Флин
Кратка содржина:
ЈАС СУМ ЅВЕР. БЕСТИЈА! Не сум ниту волк, ниту мечка, ниту горила ниту куче, туку сум ново суштество што оди исправено. Јас сум чудовиште. Мислите дека зборувам за бајки? Нема шанси. Локацијата е Њујорк. Времето, сегашно. Не е деформитет, не е болест. Ваков, уништен, ќе останам вечно, освен ако не ја скршам клетвата. Да, клетвата, онаа што ми ја фрли вештерката со која одам на часови по англиски јазик. Зошто ме претвори во ѕвер што дење се крие, а ноќе скита? Ќе ви раскажам. Ќе ви раскажам како претходно бев Кајл Кингсбери, совршено момче, со пари, со совршен изглед и со совршен живот. А потоа, ќе ви раскажам како станав совршена... БЕСТИЈА!
2. Чудо - Р.Џ.Паласио
Кратка содржина:
Август Пулман е сосема нормално десет годишно дете, како и сите други. Барем тоа е одговорот кој ќе го добиете ако го прашате како се чувствува во себе. Но за сите други, тој е детето чудо кое требало да умре уште вечерта кога се родил, медицинското чудо кое преживеало и покрај сите прогнози за неуспех. Август има голем деформитет на лицето, иако неговото мало тело и мозок се сосема нормални. Дури и после 27 операции, неговото лице останува причина за луѓето да се ѕверат во него кога се разминуваат со него на улиците, да се оддалечуваат од него за случајно да не го допрат како да има некоја заразна болест - неговото лице е причината поради која тој ги минува првите десет години од животот со домашно школување и не оди во нормално училиште, иако е попаметен од многу деца на негова возраст. Сега, во петто одделение, Август мора да заборави на досегашниот живот и да се обиде да се вклопи во обично училиште со нормални деца, да се обиде да се подготви за животот кој го чека. Да им докаже на сите дека тој е ист како нив, без разлика на неговото ,,страшно'' лице. Но како може да го изведе тоа, особено кога луѓето знаат да бидат толку злобни?
3.Девојчето од шестата масечина-Муни Вичер
Кратка содржина:
Беше втори јуни, точно дваесет и два часот, кога Нина стана од креветот и по обичај го турна кутриот Платон на подот, се затрча кон бањата и ставајќи ја раката под вода виде дека ѕвездата станала огромна и ја зафатила целата дланка.Црна како пекол.. никогаш не била таква.„Црна ѕвезда...знак за опасност. Што треба да направам?” , си помисли. Исплашена, се втурна во собата на тетка Кармен, која силно ја прегрна и ѝ ја натапка раката со вата натопена во розина водичка . Платон очајно мјаукаше и се симна од орманот, а Адонис лаеше и со шепите удираше по влезната врата како да сака да излезе. Кармен не знаеше како да ги смири Нина и животните. Се чинеше како таа вечер да се отворил пеколот. Тоа беше вистина, пеколот беше тука. Насекаде. Се чувствуваше во воздухот.
4.Хари Потер и каменот на мудроста-
Џ.К:Роулинг
Кратка содржина:
Хари е само обично момче, сираче, кое живее со тетка му Петунија, тетин му Вернон и нивниот син Дадли. Тој постојано е измачуван од Дадли, а неговите тетка и тетин се однесуваат како тој да не постои. Но, една ноќ сето тоа ќе се смени.
5.Лавиринтот:Невозможното бегство-
Дашнер
Кратка содржина:
Томас се буди во мрачен лифт. Паметењето му е избришано. Се сеќава единствено на своето име. Кога вратите се отвораат, го заслепува светлина и открива дека е опкружен со група момчиња, кои, исто така, не се сеќаваат кои се, ниту како стигнале таму.Зад високите камења околу целата Ледина се простира Лавиринтот, кој постојано се менува. Тоа е единствениот излез оттаму, но никој досега не го минал жив.А потоа, пристигнува една девојка. Првата девојка што некогаш стапнала на Ледината. Девојка со застрашувачка порака.Сети се. Спаси се. Бегај.
No comments:
Post a Comment